Зијадин Села открива дека не Талат Џафери, туку тој бил првиот избор за претседател на Собранието во преговорите со Никола Груевски во 2016 година. Села тврди дека понудата ја добил во два наврати – еднаш преку странска амбасада додека Груевски бил мандатар, а подоцна и од Зоран Заев. „Не прифатив бидејќи кариерата не ја градам за позиции, туку за рамноправност на граѓаните“, вели Села во интервјуто „Во Центар“.
-Значи во предвечерјето на политичката криза вас а не на Талат Џафери му е понудено да биде претседател на македонскиот парламент?
– Вистина е дека јас сум имал понуди за да бидам претседател на парламентот, првиот албански претседател на парламентот и тоа во два моменти бидејќи таа криза не беше еднодневна само на 26ти или 27ми, таа криза траеше со месеци.
-Имаше рок мандатарот Никола Груевски за да прави влада па не успеа. Во тоа во тој период кога Груевски имаше мандат да направи влада, не лично и директно од господинот Груевски, јас не сум го сретнал сега никогаш да седнам и да разговарам со човекот. Туку од еден претставник од странска амбасада ми е понудена истата работа. Нема да спомнам која амбасада, не е коректно нели. И плус истовремено и закон за употреба на јазиците, додава Села.
Целата емисија со сите ексклузивни детали кои ги откри Зијадин Села во интервјуто за емисијата Во Центар, погледнете на следниот линк:
