back to top
15.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Експлозија во Русија: Украинците силно нападнати, базата во Грозни е во пламен (видео)

Други наслови

На 27 ноември, силна експлозија ја потресе воената база „Север-Ахмат“ во Грозни, главниот град на Чеченија, која ја управува рускиот сојузник Рамзан Кадиров.

Според извештаите на Телеграм каналот, причина за експлозијата бил напад од украински дрон, иако ниту Украина ниту Русија официјално не го објавија инцидентот.

Засегнатата база припаѓа на 78-от моторизиран полк за специјални намени на руската армија, познат како „Север-Ахмат“, каде што се стационирани силите на Кадиров.

Ова е четвртиот регистриран напад со беспилотни летала врз Чеченија од почетокот на војната во Украина.

Претходни напади беа пријавени во октомври и декември минатата година, вклучувајќи го и нападот врз Универзитетот на руските специјални сили во Гудермес, за кој се шпекулираше дека е извршен од соседните републики. Чеченските сили, познати како Кадировци, активно се борат на страната на Русија во војната во Украина.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести