back to top
24.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Жените кои сакаат незаборавен секс мора да ги направат овие три работи

Други наслови

Сексуалниот терапевт истакнува дека е многу важно жените да ги запознаат своите тела и да откријат што им се допаѓа.

Експертот за врски и сексуален едукатор д-р Лаура Берман вели дека постојат три работи што секоја жена треба да ги направи за да се чувствува посигурно во спалната соба. Ова се работите што ги практикуваат жените со фантастичен 
сексуален живот , пишува списанието „Бест Хелт“.

Се грижи за својата коса

Поминувањето дополнително време на косата навистина ја подобрува вашата самодоверба во спалната соба. Неодамнешна студија покажа дека една од три жени всушност би откажала состанок ако косата им изгледа лошо. Грижете се за изгледот и квалитетот на косата и како тоа влијае на сексуалниот живот. Тоа ја зголемува самодовербата, бидејќи жената се чувствува поженствено, поубаво, пострасно. Д-р Лаура Берман вели дека постои биолошка предиспозиција зошто жените ставаат толку висок приоритет на тоа да бидат задоволни со својата коса. 

„Во општеството, се смета за убаво и пожелно да се има сјајна и густа коса, чиста кожа и светкави очи, сето тоа се знаци на репродуктивно здравје. Тоа покажува дека жената е здрава и енергична “, објаснува д-р Берман.

Му кажува на партнерот што сака во сексот 

Д-р Берман тврди дека многу луѓе всушност не ги познаваат добро женските гениталии, дури ни самите жени. 

„Шокирана сум колку жени не знаат каде им е клиторисот“, откри терапевтот. Ако веќе не сте, таа им предлага на жените да земат огледало и да се запознаат со својата вагина, допирајќи се себеси и обрнувајќи внимание на тоа како се чувствува и што им е особено пријатно. 

Кога ќе научите повеќе за себе, ќе можете да откриете што ве возбудува. Потоа, ќе знаете точно каде и како да му кажете на вашиот партнер да ве допре на начин што ви одговара.

Жените кои сакаат незаборавен секс мора да ги направат овие три работи

Ја преземаат контролата врз својот оргазам

„Мажите често го добиваат своето сексуално образование од порнографија. Тажно е, но вистинито. Тоа значи дека тие знаат дека имаат искривен поглед на тоа што ја возбудува жената. Уште полошо, многу жени не кажуваат што сакаат, а што не сакаат за време на сексот“, вели експертот. 

Таа додава дека многу жени што ги запознала не сакаат да ги повредат своите партнери кога ќе видат колку напорно работат во кревет, дури и ако самите не уживаат премногу во тоа. Ова резултира со тоа што глумат оргазам и всушност излегуваат од целата работа незадоволни.

„Лажните оргазми прават повеќе штета отколку корист за врската. Жените кои никогаш не доживеале оргазам ми велат: „Тоа ќе се случи кога ќе го сретнам вистинскиот маж“. Но, тоа не функционира така. 
Постигнувањето личен оргазам е нешто за кое секоја жена треба да се погрижи. Бидејќи многу жени не можат да достигнат кулминација преку пенетрација, постојат и други опции. Секс играчките се најлесната опција“, објасни д-р Бреман.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести