back to top
17.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Зеленски: Бајден ми рече дека Украина нема да влезе во НАТО

Други наслови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде силна изјава во врска со аспирациите на неговата земја за членство во НАТО.

Украинскиот лидер откри дека поранешниот американски претседател Џо Бајден директно му рекол дека Украина нема да стане дел од воениот сојуз.

Во јавна изјава, тој рече дека постојано го покренувал ова прашање за време на средбите со високи американски претставници, но дека честопати се соочувал со ладни реакции или насмевки од некои функционери на Белата куќа.

Според него, тие го сметале неговото инсистирање за „сурово“.

„Не знам зошто“, рече Зеленски, нагласувајќи го своето разочарување од ставот на Вашингтон.

Овие изјави доаѓаат во деликатен момент за Украина, која продолжува да бара посилни безбедносни гаранции од Западот, додека војната со Русија останува голем предизвик за регионалната и меѓународната стабилност. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести