Големите европски земји не сакаат да ги обноват енергетските сојузи со Русија, но некои земји во Европа сè уште зависат од рускиот гас и нафта, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес „Укринформ“.
„Досега не гледам никакви барања од сериозни, големи европски земји за укинување на санкциите и обновување на енергетските сојузи со Русија. Нема такви, бидејќи дефинитивно би реагирале“, рече тој.
Во исто време, Зеленски истакна дека некои европски земји зависат од снабдувањето со нафта и гас од Русија.
„За жал, во Европа постои потреба сите во Европската Унија да се држат заедно и на некаков начин да се сретнат со тие земји“, истакна Зеленски.
Тој потсети дека ЕУ одлучи да ги прекине големите енергетски договори со Русија до крајот на 2027 година.
