back to top
11.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ГРЦИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: Земјоделците го блокираа Солун со трактори со мртовечки ковчези! (ФОТО)

Други наслови

Земјоделци и сточари од северна Грција ги блокираа влезовите во солунското пристаниште со трактори што превезуваа ковчези

Земјоделците и сточарите од северна Грција , огорчени од нивната економска состојба и недостатокот на доволна помош од државата и ЕУ , од денес напладне ги блокираа влезовите во солунското пристаниште, а со тоа и во центарот на тој град.

И покрај бројните полицајци, улиците се преплавени со трактори што носат ковчези, што демонстрантите го илустрираат статусот на земјоделството , објави атинската РТВ СКАИ.

Земјоделци од подалечните региони на Грција пристигнаа во Солун со автомобили и изнајмени автобуси, а дојдоа и делегации на земјоделци кои продолжуваат да ги блокираат царинските пунктови на граничните премини, повремено дозволувајќи сообраќај.

Пчеларите исто така учествуваат во протестот, а студентите и синдикатите им даваат поддршка на земјоделците.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести