Социјалната мрежа Инстаграм објави дека воведува нова функција за полесно и побрзо уредување на кратки видеа (Reels).
Функцијата автоматски ги скратува избраните видео клипови и ги отстранува паузите, така што за помалку од 10 секунди може да ја креира посакуваната верзија на видеото, поради што го добила и своето име – First Draft.
Креаторите на содржини на тој начин нема да мора рачно да го прегледуваат и обработуваат секој клип, туку ќе добиваат автоматски составен нацрт што потоа ќе можат да го рафинираат, објавува Tech Crunch.
Самата технологија не е нова, бидејќи слични функции веќе ги нудат алатки како Adobe и CapCut, но интеграцијата директно во Instagram ја намалува потребата корисниците да префрлаат снимки во посебни апликации за уредување.
Новата функција засега е достапна на iPhone уредите, а корисниците можат да пристапат до неа директно од камерата на Инстаграм додека снимаат или преку галеријата со кратки видеа.
Оваа година, Инстаграм воведе други алатки наменети за креатори, како што е функцијата што ви овозможува да ја менувате музиката на постоечките објави и вртелешки без бришење и повторно објавување на содржината.
