Загрепачка Дубрава, во близина на локалниот пазар, утрово беше полна со итна и специјална полиција, сето тоа поради дербито Динамо – Хајдук што ќе се игра оваа сабота.
Како што објави Index.hr, полицајците ги запреле и претресле младите мажи, а една група била приведена и сместена во полициската станица.
За Index.her беше потврдено дека апсењата се поврзани со денешното дерби Динамо-Хајдук, кое ќе се игра во 15 часот на Максимир.
Веќе синоќа, во Дубрава беше забележано зголемено полициско присуство, а главната цел беше да се спречи конфликт меѓу навивачите на Бед Блу Бојс и Торцида, сличен на оној што се случи во март на сплитската Пујанка.

