back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Иран испали ракети врз Ерусалим: Погодена локација во близина на Црквата на Светиот Гроб

Други наслови

Израелското Министерство за надворешни работи денес објави дека иранскиот режим испукува ракети врз Ерусалим.

„Една ракета погоди локација на неколку стотини метри од Стариот град, Западниот ѕид, Ал-Акса и Ридот на храмовите“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи на платформата X.

Министерството изјави дека заштитата на животите и безбедноста на верниците е на прво место.

„Затоа, молитвата на сите свети места е привремено прекината“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.

Следете ги сите најнови информации за ситуацијата на Блискиот Исток во нашиот специјален блог.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести