back to top
12.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Иран тврди дека целосно го контролира Ормутскиот теснец, Американците одговорија: Ние го контролираме

Други наслови

Иранската морнарица соопшти дека има целосна контрола врз источниот дел од Ормутскиот теснец, а Централната команда на САД (CENTCOM) ги отфрли тие тврдења, објави Ројтерс, повикувајќи се на кинеската агенција CCTV.

Во објава на социјалните мрежи, ЦЕНТКОМ изјави дека Ормутскиот теснец е контролиран од САД и нивните регионални партнери.

Според ЦЕНТКОМ, ракета на Иранската револуционерна гарда погодила контејнерски брод регистриран во Сингапур, кој потонал додека се влечел до брегот. И покрај ова, повеќе од 40 комерцијални бродови поминале низ теснецот во последните 24 часа, соопштија тие.

САД, исто така, ги негираа иранските тврдења дека стотици американски војници биле убиени во Јордан. „Тројца американски војници беа убиени во јули додека партнерските сили ги одбија иранските напади“, соопшти ЦЕНТКОМ.

Удар на два сингапурски брода

Пристанишните и поморските власти на Сингапур во средата соопштија дека два товарни брода регистрирани во таа земја биле погодени од „непознати ракети“ додека минувале низ теснецот во вторник и среда, објави Асошиејтед Прес. Едниот потонал, а другиот стигнал на безбедно место. Екипажот на првиот брод бил евакуиран, а во ниту еден од инцидентите немало повредени.

„Ваквите напади се неиспровоцирани, неоправдани и го кршат меѓународното право“, соопшти сингапурската влада.

Поморските сили на Иранската револуционерна гарда истиот ден објавија дека товарниот брод потонал откако удриле во поморска мина. Иранската државна телевизија го прикажа навалениот брод како испушта густ чад и рече дека превезувал 2.500 контејнери. Според соопштението на Гарда, бродот пловел по рута што Иран ја смета за нелегална и опасна. АП наведува дека ова е прв пат Иран да пријави за време на војната дека брод потонал откако удрил во мина. Не е јасно дали станува збор за истиот брод што потонал, според Сингапур.

Иран постојано ги предупредува бродовите да не минуваат низ теснецот без негово одобрение, а американската војска ги води бродовите по рута поблиску до брегот на Оман.

Калибаф: Мора да бидеме подготвени за војна

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, во средата изјави дека Иран мора да биде подготвен за војна дури и додека преговара со САД, бидејќи потпишаниот договор со Вашингтон не е гаранција.

„Тие ги кршат своите ветувања“, рече Галибаф. „Америка мора да биде казнета. Америка мора да го промени своето однесување“, додаде тој.

Во меѓувреме, САД ги негираа иранските тврдења дека стотици американски војници биле убиени во Јордан. „Тројца американски војници беа убиени во јули додека партнерските сили ги одбија иранските напади“, соопшти ЦЕНТКОМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести