Авионот на „Норвешката ер шатл“ од Осло до Дубровник утрово беше ненадејно пренасочен кон Австрија, откако за време на летот беше забележан проблем со прозорецот на авионот.
Авионот на летот DY1922, кој полетал од Осло во 6:45 часот наутро, требало да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник околу 9:40 часот наутро.
Сепак, како што неофицијално дознава „Дубровник“, еден од прозорците пукнал за време на летот , поради што екипажот донел одлука за итно слетување на аеродромот во Виена.
Авионот безбедно слета во Виена.
Станува збор за Боинг 737-800, стар нешто помалку од 12 години.
Според информациите со кои располага „Дубровник дејли“, на патниците веројатно ќе им биде обезбеден резервен авион кој ќе го продолжи патувањето од Виена до Дубровник во раните попладневни часови.
