back to top
16.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Како изгледа пролетта на јужната хемисфера: Дури и пустината Атакама процвета по обилните дождови

Други наслови

Во чилеанската пустина Атакама, позната како најсувата неполарна пустина на Земјата, пролетта донесе ретко и исклучително силно цветање на цвеќиња.

Голем дел од Атакама е покриен со цвеќиња откако климатскиот феномен Ел Нињо донесе обилни дождови во регионот претходно оваа година.

Невообичаено голема количина вода им овозможила на милиони семиња и луковици, од кои многу биле во мирување со децении, да никнат и да цветаат.

Хорхе Карабантес, раководител на Одделот за заштитени подрачја при Националната шумарска корпорација (КОНАФ), за Асошиејтед прес изјави дека станува збор за вонреден настан.

„Тоа е уникатен феномен, постојат повеќе од 200 растителни видови. Ова е цветање кое е очигледно извонредно и необично, многу различно од другите цветања што се јавуваат на други места на планетата“, рече тој.

Пустината Атакама се наоѓа помеѓу Тихиот Океан и Андите и се протега на околу 1.600 километри по должината на северниот брег на Чиле. Иако цветањето е вообичаено за време на преминот од зима во пролет, оваа година карпестите, кафеави дини се трансформираа во шарен тепих од диви цвеќиња во историскиот феномен Дезиерто Флоридо, или „цветна пустина“.

Помеѓу јули и август, Чиле регистрираше рекордни врнежи од дожд во неколку региони, со нивоа невидени на некои места откако започнаа мерењата во 1950-тите.

Биологот Сезар Пизаро од CONAF Атакама изјави дека на некои локации паднале 160, 180 и 190 милиметри дожд и дека причината е „супер Ел Нињо“.

Бурите предизвикаа поплави, штети и пустош во неколку делови од Чиле, но на север дозволија пустината да цвета за прв пат во историјата. Се проценува дека оваа година, речиси 17.000 квадратни километри се покриени со цвеќиња, површина слична на големината на метрополитенскиот регион Сантјаго.

Според проекциите на CONAF, ова би можело да биде најинтензивниот и најобемниот Дезиерто Флоридо од 1997 година. Националниот секретаријат за туризам очекува речиси 300.000 ноќевања во регионот Атакама до крајот на природниот феномен во ноември.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести