back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Ковачки: Македонија е лојален и доверлив партнер на НАТО, продолжуваме да ја зајакнуваме колективната одбрана и безбедност

Други наслови

Како повеќепартиска делегација, моментално сме во посета на седиштето на НАТО во Брисел, каде што изразуваме парламентарна поддршка за политичка кохезија во Алијансата, изјави Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки рече дека она што е важно да се спомене е дека Македонија останува лојален и доверлив партнер на НАТО.

„Ќе продолжиме да ги спроведуваме одлуките од Хашкиот самит, сè со цел зголемување на заштитата и превенцијата, секако од перспектива на колективната безбедност, но и од перспектива на соработката во безбедноста.

Покрај тоа, управување со кризи и секако борба против тероризмот“, рече Ковачки.

Тој додаде дека ќе продолжиме да ги посетуваме и да ги поддржуваме одлуките на Алијансата. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести