back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Колкава е идеалната разлика во години? Истражувањето открива кога шансите за раскинување се најмали

Други наслови

Студија на Универзитетот Емори во Атланта спроведена врз 3.000 испитаници тврди дека поголемата разлика во годините меѓу партнерите ги зголемува шансите за раскинување.

Иако секогаш постојат исклучоци, студија спроведена од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во возраста можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во возраста меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат, објавува „Индекс магазин“.

Анкета спроведена на 3.000 испитаници покажа дека паровите со петгодишна разлика во години имаат 18 проценти поголема веројатност да раскинат од паровите на иста возраст.

Интересно е што тој број скокнал на 39 проценти за паровите со разлика од 10 години.

За оние со 20-годишна разлика во години, истражувањата предвидуваат 95 проценти шанси за раскинување.

Која би била идеалната разлика во години?

Психолозите веруваат дека паровите со возрасна разлика од само една година, односно само три проценти, имаат најмали шанси да раскинат.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести