Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н. (29 години) од Росомани поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од август 2024 до септември 2025 година, С.Н., во својство на градоначалник на Општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службените овластувања и буџетот на Општината.
Нелегално се стекнати финансиски средства во вкупен износ од приближно 500.000 денари, кои извршителот ги наплатил со сила за личен долг на С.Н.
