back to top
9.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Кривични пријави и притвор за директорот на образовниот центар во Штип: Подолг временски период ги допирал телата на неколку ученици

Други наслови

МВР соопшти дека е приведен директорот на образовен центар во Штип, кој е осомничен дека допирал тела на неколку ученици.


„На 11.05.2026 година во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш. (65) од Штип.“

Тој е осомничен дека подолг временски период, како раководител на образовен центар во Штип, за време на дополнителна настава, ги допирал телата на неколку малолетни ученици.

Инцидентот бил пријавен во полициската станица од страна на родители во присуство на ученици и претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Штип.

Со судска наредба, извршени се рации во неговиот дом и во образовниот центар, а предметите се запленети за понатамошна постапка.

„А.Ш. беше приведен во полициската станица и по целосно документирање на случајот, против него беше поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му одреди притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението на МВР.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести