back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Кристијано Роналдо покажа како го прославува Божиќ во Саудиска Арабија (видео)

Други наслови

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, веќе три години игра за саудискиот Ал-Наср, а денес објави дека го слави Божиќ во Ријад.

Роналдо објави видео на социјалните мрежи од својот дом, на кое се гледа како се забавува со својата свршеница Џорџина Родригез и децата пред украсена елка.

„Надеж што обновува, љубов што прегрнува, семејство што поддржува и светлина што води. Среќен Божиќ!“, рече Роналдо.

И оваа сезона, Роналдо игра во феноменална форма, постигнувајќи десет гола на девет натпревари во саудиското првенство.

Во неговата неверојатна кариера досега, тој постигна 955 гола, а му недостасуваат 45 до границата од 1.000 гола.

Ова лето тој го продолжи договорот со Ал-Наср и ќе игра во Саудиска Арабија барем до 2027 година, што е повеќе од доволно за да се достигне магичната бројка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести