back to top
19.8 C
Skopje
среда, 18 ноември , 2026

Кристофер Нолан: Роберт Патинсон е најкукавичкиот Бонд што некогаш сме го виделе

Други наслови

Режисерот Кристофер Нолан се пошегува за Роберт Патинсон, новиот Џејмс Бонд, нарекувајќи го „најкукавичкиот Бонд што некогаш сте го виделе“. Причината за ова е улогата на Патинсон во филмот на Нолан „Одисеја“.

Нолан го изјави ова во вторник во Западен Холивуд, во разговор со Стивен Спилберг по проекцијата на „Одисеја“ за Американската еснаф на режисери (DGA), пренесува People. Филмот стана достапен на стриминг платформите истиот ден, а Нолан претходно соработуваше со Патинсон на филмот „Тенет“.

Спилберг го пофали координаторот на каскадери, Џорџ Котл, за последната борба во која ликот на Патинсон, благородникот Антиној, е убиен од Одисеј, игран од Мет Дејмон. Нолан потоа додаде дека Патинсон е „најкукавичкиот Џејмс Бонд што некогаш сте го виделе“.

„Се прашувам дали вашиот филм влијаел на неговиот избор“, одговори Спилберг на шега.

Нолан објасни дека Котл ги подготвувал акционите сцени заедно со актерите. Тој ги нарече Дејмон и Том Холанд, кој го игра синот на Одисеј, Телемах, „неверојатни спортисти“.

„Мислам, тоа се Џејсон Борн и Спајдермен“, рече тој, додавајќи низ смеа дека тие го оставиле Патинсон „да седи во аголот и да гледа сè што се случува, одбивајќи да се вмеша, на тој негов одличен начин“.

Патинсон беше претставен во понеделник како нов агент 007, наследувајќи го Даниел Крег, кој последен пат го играше Бонд во филмот „Нема време за умирање“ од 2021 година. Тој ќе биде седмиот актер што ќе ја игра оваа улога. Новиот филм ќе го режира Денис Вилнев, со кого Патинсон го снимаше и „Дина: Трет дел“, а снимањето се очекува во 2027 година.

Патинсон изјави за „People“ на лондонската премиера на „Одисеја“ во јули дека обожава да игра негативци. „Сакам да ги намалам очекувањата на луѓето, тоа е секогаш мојата омилена работа. Ветувај малку, а исполнувај повеќе, тоа е моето мото“, рече тој на шега.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести