back to top
10.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

ЛАРИЏАНИ УБИЕН ДОДЕКА СЕ КРИЕЛ СО СИНОТ ВО СТАН? Израел тврди дека ВИСТИНСКИОТ ВЛАДИТЕЛ НА ИРАН Е ЕЛИМИНИРАН, ова е моментот…

Други наслови

Според Израел, Лариџани бил убиен во напад ноќта помеѓу понеделник и вторник

Израел објави дека во нападот е убиен Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, познат како владетел во сенка . Сега е објавена фотографија од моментот кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја дал наредбата за нападот.

„Премиерот Нетанјаху издаде наредба за елиминација на високи ирански функционери“, пишува во описот на фотографијата објавена од Кабинетот на израелскиот премиер.

Според Израел, Лариџани бил убиен во напад ноќта помеѓу понеделник и вторник.

Според информациите објавени од Канал 12, убиството на Лариџани првично било закажано за ноќта помеѓу недела и понеделник, но било одложено во последен момент.

Израелските власти добиле информации дека наместо да оди во својот дом, Лариџани ќе оди во еден од становите што ги користел како скривалиште. Според истите информации, со него бил и неговиот син.

Али Лариџани

Според истиот канал, веднаш по бомбардирањето, израелски безбедносен извор наводно рекол за Лариџани: „Нема шанси да го преживеал овој напад“.

Да потсетиме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека Лариџани е убиен во воздушен напад.

„Лидерите на режимот се убиваат, а нивните капацитети се неутрализираат“, рече тој подоцна во телевизиска изјава.

Тој додаде дека командантот на силите Басиџ , Реза Сулејмани, исто така е убиен.

Реза Солејмани

„Нашата војска вложува максимални напори за да продолжи да ги напаѓа и неутрализира ракетните капацитети на Иран, како и неговата стратешка инфраструктура. Премиерот и јас ѝ наложивме на израелската војска да продолжи да го гони раководството на режимот на терор и угнетување во Иран“, додаде Кац.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести