Пејачката Лепа Брена отворено проговори за нејзината најдлабока интимност со сопругот, поранешниот тенисер Слободан Бобо Живојиновиќ.
Откако ги раскажа деталите од бруталната тепачка во која била вклучена , таа се сети и на своите младешки денови со Слободан , откривајќи дека дури морале да реновираат еден кат од хотелот поради нивните страсни моменти.
– Кога се запознавме со Боба, не излеговме од собата шест месеци. Јас сум сега постара, веќе сме баба и дедо. Што, мислите ли дека немавме момент кога не излеговме од собата шест дена и дека тоа беше само секс, па фала му на Бога што беше – вели Брена во подкастот „Вошкаст“ и додава:

Се случи кога требаше. Знаеш ли зошто хотелот беше реновиран, четвртиот кат? Ѕидовите беа испукани. Бевме само на вода, храната дојде,но кого го интересира храната. Немаше храна, само вода.
