back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Лука и Хана, најпопуларните имиња во Македонија за бебиња во 2025 година

Други наслови

Лука и Хана се на врвот на листата на најчести имиња за новороденчиња во Македонија во 2025 година. Традиционалните, но и модерните имиња продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè повеќе избираат кратки, звучни имиња со силно значење.

Државниот завод за статистика во својата публикација „Северна Македонија во бројки 2025“ објави дека кај машките бебиња, најпопуларни биле имињата Лука, Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео, додека кај женските бебиња најчесто биле избирани имињата Хана, Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.

Според најновите податоци од ДЗС во земјата во 2025 година се родени вкупно 16.061 деца. Од нив, 8.277 биле момчиња, а 7.784 девојчиња, што потврдува мала доминација на машки новороденчиња.

Статистиката покажува дека, и покрај демографските предизвици, родителите продолжуваат да ја ценат традицијата, но и отвореноста кон нови и модерни имиња.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести