back to top
5.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Македонската полиција ќе биде опремена со 120 нови возила

Други наслови

Денес во Министерството за внатрешни работи беа промовирани 120 нови возила за потребите на Македонската полиција. На овој настан учествуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Возилата се наменети за униформирана полиција.

Министерството за внатрешни работи најавува дека тие ќе бидат дистрибуирани до полициските организациски единици низ целата земја и ќе придонесат за поефикасно и побрзо извршување на секојдневните полициски задачи.

Министерот Тошковски нагласи дека распределбата ќе биде рамномерна на национално ниво, при што Скопјe, како најголем град и со најголеми безбедносни потреби, ќе добие поголем број возила.

Министерот Тошковски нагласи дека овој вид набавка на полициски возила е прва по 15 години, станува збор за модерни и моќни возила со кои полицајците ќе ги извршуваат своите работни задачи многу поефикасно. Тошковски додаде дека оваа набавка е јасен показател за посветеноста на Министерството за внатрешни работи да создаде подобри услови за работа на полициските службеници . 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести