back to top
11.8 C
Skopje
среда, 4 ноември , 2026

Макс доаѓа: Мета направи робот што работи дома

Други наслови

Новите извештаи наведуваат дека компанијата веќе работи на втора верзија на роботот, со кодно име Макс 2.

Како дел од своите напори да влезе во областа на роботиката, „Мета“ создаде прототип на хуманоиден робот дизајниран да помага во домаќинството, објавува „The Information“. Според извештајот, роботот – интерно наречен „Макс“ – е изграден за околу три месеци со помош на кинеската компанија за роботика „Фурие“.

Според изворите на порталот „The Information“, роботот тежи околу 48 килограми и е висок околу 1,5 метри. Однадвор, прототипот наводно има екран што може да прикажува изрази на лицето, вграден звучник и раце дизајнирани да фаќаат мали предмети. Однатре, Мета се одлучила за чипови Nvidia Jetson Thor што го напојуваат роботот, според извештајот.

Порталот „Информејшн“ објави дека сè уште не е одреден датум за лансирање на верзијата за масовниот пазар, но дека „Мета“ работи на втор прототип од септември под кодното име „Макс 2“. Исто така, се додава дека технолошкиот гигант прави промени во дизајнот на телото и рацете на роботот, како и дека додава проектор и дополнителни сензори за полесно да се движи по скалите.

Во обид да се пробие на пазарот на хуманоидни роботи, „Мета“ започна со работа минатата година, откако „Блумберг“ објави дека компанијата формирала нов тим задолжен за создавање роботски хардвер чија крајна цел ќе биде извршување на домашни работи. Порано оваа година, „Мета“ купи стартап познат по развој на вештачка интелигенција специјализирана за роботика.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести