Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Цесна 210“ се урна во Мексико.
Авионот се урна кратко по полетувањето од Националниот аеродром Пачука во државата Идалго, потврдија воздухопловните власти.
Според мексиканската Федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC) , авионот на Grupo Aeroespacial Avspace полетал во 9:30 часот наутро по локално време.
Тој бил на лет до
меѓународниот аеродром Куернавака во државата Морелос.
Се урна само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, на авенијата Тезонтл во населбата Вента Приета во градот. Местото на несреќата се наоѓа на околу 500 метри од прагот на пистата, надвор од зоната на аеродромот.
Покрената истрага
Агенцијата AFAC објави дека двете лица во авионот загинале и дека е покрената административна истрага за да се утврди причината за несреќата. Персоналот на управувањето со аеродромот Пачука излегол на терен за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи.
Властите сè уште не ги објавија идентитетите на загинатите, ниту детали за нивните улоги во авионот.
Засега нема официјални информации за евентуален технички дефект, временски услови или други околности што можеле да влијаат на летот. Исто така, не беше потврдено дали имало повредени лица на земјата за време на падот и дали имало штета на зградите или возилата. „
Цесна 210“ е авион со еден мотор што се користи во приватната и општата авијација.
