Манчестер Јунајтед се согласи да го потпише своето прво засилување за следната сезона.
Бразилскиот играч од средниот ред Едерсон (26) пристигнува на „Олд Трафорд“ од Аталанта, а Јунајтед плати 45 милиони евра за него.
Целосно име Едерсон Хозе дос Сантос Лоуренсо да Силва, тој ќе потпише четиригодишен договор со Јунајтед, кој официјално ќе стапи на сила на 1 јули.
Бразилецот дојде во Аталанта пред четири години од Салернитана за 23 милиони евра и на 180 натпревари постигна 16 гола и асистираше 6 пати.
Тој има три настапи за бразилската репрезентација, но нема да биде дел од тимот што ќе игра на Светското првенство.
