back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Марез призна дека натпреварот од Светското првенство бил наместен?!

Други наслови

Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на скандал откако неговата изјава на крајот од натпреварот против Австрија ги разгоре сомнежите за договорот.

На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше и на Алжир и на Австрија пласман во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој тоа беше постигнато предизвика бројни контроверзии.

Натпреварот влезе во напната завршница откако Марез постигна гол во 93-тата минута за водство на Алжир од 3-2.

Со тој резултат, Австрија би била елиминирана од натпреварувањето, а Алжир би имал исклучително неповолен ждреб во осминафиналето бидејќи би играл против Шпанија

Сепак, само три минути подоцна, во шестата минута од судиското продолжение, Австријците израмнија, а алжирската одбрана делуваше крајно пасивно.

Сомнежите за регуларноста беа дополнително зајакнати откако се појавија видеа на кои се гледа како соиграчите на Марез се жалат и го критикуваат веднаш по постигнувањето на голот за 3:2.

Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите практично ги потврди сомневањата дека постоел премолчен договор за резултат што им одговара на двата тима.

„ Ја проширивме играта, а тие се повлекуваа. Но, во последен момент некој ја протурка топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но вистина е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол “, рече Марез , продолжувајќи со ист тон:

„Знам дека беше срамно, но тоа е фудбалот. Морам да го почитувам. И добро е – добро за нив – што на крајот постигнаа гол и се пласираа понатаму. И двата тима се пласираа понатаму и тоа е најважното нешто.“

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести