back to top
28.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Марк Карни го прифати предлогот Канада да стане придружна членка на ЕУ

Други наслови

Канадскиот премиер Марк Карни се обрати пред Европскиот парламент во четврток, каде што изјави дека Канада и Европската Унија мора да ја продлабочат соработката во услови на нови геополитички, економски и безбедносни предизвици.

Карни рече дека Канада и ЕУ делат заеднички вредности, вклучувајќи го владеењето на правото, демократијата, човечкото достоинство и индивидуалните слободи. Според него, двете страни треба да го зајакнат својот суверенитет преку соработка во стратешките области.

Осврнувајќи се на предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Канада да стане првата „придружена“ членка на ЕУ, Карни рече дека Отава ја поздравува оваа амбиција и е подготвена да ја развие заедно со Европа, пишува euronews .

Тој ги наведе критичните минерали, енергијата, технологијата и економската безбедност како области каде што би можела да се прошири соработката. Според него, Канада може да придонесе за енергетската безбедност на Европа преку снабдување со течен природен гас (LNG) и водород, а воедно да има корист од европските технологии за чиста енергија.

Карни, исто така, предложи зајакнување на врските меѓу граѓаните, особено младите, преку можности за студирање, работа и живеење од двете страни на Атлантикот. Тој го наведе учеството на Канада во програмата Еразмус+ како можност за проширување на овие врски.

„Европа и Канада се посилни заедно“, рече Карни, нагласувајќи дека партнерството не е насочено кон создавање сопернички блок, туку кон зајакнување на стабилноста и суверенитетот на двете страни.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести