back to top
3.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Масовна тепачка меѓу патници во лет: Авионот за Ливерпул се врати во Тенерифе

Други наслови

За време на летот од шпанскиот остров Тенерифе до Ливерпул во вторник вечерта, во авионот на компанијата „Изиџет“ се случила тепачка , во која учествувале десетина патници, поради што авионот извршил итно слетување на аеродромот за поаѓање „Јужен Тенерифе“.

Капетанот на авионот одлучил да се врати на шпанскиот остров околу 30 минути по полетувањето „поради опасноста што тепачката меѓу патниците ја претставувала за безбедноста на летот“, изјавил контролорот на летање, пренесува Sky News, наведувајќи дека локалната полиција, на барање на екипажот, го чекала летот EZY3352 по слетувањето на аеродромот Тенерифе-Југ.

Во официјалното соопштение на компанијата „Изиџет“, се наведува дека авионот се вратил „поради група патници кои се однесувале несоодветно“.

„Ние ваквите инциденти ги сфаќаме многу сериозно и не толерираме несоодветно однесување кон нашиот персонал. Нашиот персонал во кабината и на земја е обучен да ги процени сите ситуации и да реагира брзо и соодветно за да се осигури дека безбедноста на летот и другите патници никогаш не е загрозена“, се вели во официјалното соопштение на компанијата.

По интервенцијата на полицијата и приведувањето на проблематичните патници, авионот со 186 патници го продолжи летот кон Ливерпул.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести