Англискиот гигант Манчестер Јунајтед назначи менаџер за следната сезона, а Мајкл Карик ќе остане на таа позиција.
Карик доби можност да го предводи тимот пред неколку месеци откако Рубен Аморим беше отпуштен, и тој го искористи тоа на најдобар можен начин.
Поранешниот играч од средниот ред на клубот од „Олд Трафорд“ ги предводеше „Ѓаволите“ до третото место на табелата, со што ја доби довербата на раководството на клубот, кое одлучи да го остави на менаџерската позиција.
Одлуката беше одобрена од мнозинскиот сопственик на клубот, Џим Ратклиф, и се очекува наскоро да биде официјално потврдена.
Карик ќе го потпише договорот до летото 2028 година, а ќе има опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Карик, кој претходно го водеше Мидлсбро, веќе остави траен впечаток на „Олд Трафорд“, имајќи 464 настапи и станувајќи легенда на клубот. Тој играше и за Вест Хем, Тотенхем, Свиндон и Бирмингем, а има и 34 настапи за репрезентацијата на Англија.
