back to top
14.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

МВР: Интересот за лиценцирано оружје во земјава се зголемува, над 20 илјади барања за година и пол

Други наслови

Интересот на граѓаните за добивање дозвола за оружје расте. Министерството за внатрешни работи поднесе и разгледа над 20.000 барања за само 18 месеци, но помалку од половина од нив добиле соодветно одобрение. Според податоците на МВР, околу 9.000 барања завршиле со позитивен одговор.

„Во текот на последните 18 месеци, Министерството за внатрешни работи интензивно дејствуваше во врска со барањата за издавање дозволи за набавка на оружје. Разгледани се околу 20.000 барања, од кои над 9.000 се одобрени, со што се придонесе за поефикасен административен третман и навремено остварување на правата на граѓаните“, велат од Министерството за внатрешни работи.

• Во текот на последните 18 месеци, Министерството за внатрешни работи разгледа околу 20.000 барања за дозволи за оружје. • Над 9.000 барања добија позитивни одговори.

Само оваа година се поднесени околу 8.000 барања. Министерството за внатрешни работи нагласува дека најголемиот дел од барањата биле за дозволи за ловечко оружје.

„Во текот на 2026 година, до Министерството за внатрешни работи се поднесени околу 8.000 барања за дозвола за поседување оружје. Најголем интерес кај граѓаните е за дозвола за поседување ловечко оружје. Во споредба со претходните години, забележано е зголемување на бројот на поднесени барања“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

• Во текот на 2026 година, околу 8 илјади барања за дозволи за поседување оружје. • Најголем интерес на граѓаните за дозволи за ловечко оружје.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во овој период интензивно дејствувале за обработка на барањата, со цел забрзување на административните процедури и навремено остварување на правата на граѓаните.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести