back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

МВР: 39 полицајци постапиле неправилно во случаите на Стојанче Јовановски, осомничен за поттикнување на самоубиството на Ивана

Други наслови

Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи постапиле неправилно во случаите на Стојанче Јовановски, сега обвинет за поттикнување на самоубиство на Ивана, пријавен за семејно насилство.

Министерството за внатрешни работи вели дека Одделот за внатрешна контрола, кривични истраги и професионални стандарди констатирал недостатоци во постапувањето на неговите 39 полицајци кои постапувале по пријави за семејно насилство во овој конкретен случај.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за кривично гонење на организиран криминал и корупција. За сите дополнителни информации, ве молиме контактирајте го надлежното обвинителство“, изјавија од МВР за „Слободен печат“.

Јовановски многу пати бил пријавуван од неговата сопруга и нејзините роднини дека бил насилен и агресивен, а имало и пријави од соседите, но и од минувачи на јавни места.

Стојанче Јовановски е обвинет за поттикнување на Ивана на самоубиство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести