Месечината во Риби носи зголемена интуиција, емоции и потреба за бегство од секојдневниот хаос. Оваа мистична положба на Месечината носи интересни настани за Рибите, Раковите и Скорпиите.
Луѓето стануваат почувствителни на енергијата на другите, па затоа многумина можат да имаат впечаток дека ги апсорбираат расположенијата на другите луѓе, но исто така посилно ги чувствуваат сопствените желби и стравови.
Ова е периодот кога имагинацијата работи со полна моќ , па соништата стануваат интензивни.
Бегање од реалноста
За време на овој транзит, многумина ќе сакаат да имаат повеќе мир, тишина и време за себе, додека практичните обврски полесно ќе паднат во втор план.
Месечината во Риби ја засилува романтиката, носталгијата и потребата за нежност, но може да донесе и конфузија, идеализација на луѓето и прекумерно бегство од реалноста. Добро е да се слуша интуицијата, но не треба да се донесуваат големи одлуки само под влијание на емоциите.
Невообичаени пораки и повици
Ова е совршен момент за одмор, креативна работа и поврзување со себе, бидејќи Рибите ја отвораат вратата кон внатрешниот свет и емоциите што често ги потиснуваме.
Месечината во Риби може да донесе откривање на тајни заедно со зголемена интуиција, па затоа треба да бидете подготвени за необични пораки и повици.
