back to top
12.8 C
Skopje
четврток, 5 ноември , 2026

Мет Дејмон ја покажа својата 20-годишна ќерка, а луѓето не можат да поверуваат колку е убава

Други наслови

Мет Дејмон присуствуваше на еден настан, а за таа пригода реши да донесе посебна придружба. Неговата ќерка Изабела беше главна ѕвезда на вечерта.

Доделувањето на модните награди CFDA собра бројни познати личности, вклучувајќи ги и актерските ѕвезди кои блескаа на настанот. Големо внимание привлече актерот Мет Дејмон , или, поточно, неговата прекрасна придружничка – ќерката Изабела .

Се чини дека ова било семеен излет за Мет и неговата наследничка и може да се каже дека ги воодушевија сите присутни со своите прекрасно стилизирани модни комбинации .

И додека актерот носеше црно дворедно одело, неговата сакана избра класична елеганција .

Мет Дејмон ја покажа својата 20-годишна ќерка, а луѓето не можат да поверуваат колку е убава (ФОТО)

Како што можете да видите, Изабела носи макси фустан во сребрена боја кој е украсен со реси и интересен мрежест дезен во форма на дијаманти. Ресните беа сместени на рабовите на самиот фустан, давајќи му на целокупниот стил разиграна нота која многу потсетува на гламурот на старите холивудски креации.

Таа го заокружи изданието со високо стилизирана пунџа, во малку полежерна верзија, како и шминка во темни тонови што ја истакна нејзината природна убавина .

Мет Дејмон ја покажа својата 20-годишна ќерка, а луѓето не можат да поверуваат колку е убава (ФОТО)

Таткото и ќерката цело време се смееја за време на фотосесијата, а посебно внимание привлече актерот, кој не можеше да скрие колку е горд на неа.

Мет Дејмон ја покажа својата 20-годишна ќерка, а луѓето не можат да поверуваат колку е убава (ФОТО)
YouTube Video Thumbnail

Најнови вести