back to top
11.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи денес на новинарски прашања во врска со конкретните чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне на разговор, но ставот на Владата по ова прашање е познат, како и црвените линии.

„Нашиот став е многу јасен, сите знаат кои се црвените линии, ние ги имаме исцртано тие црвени линии многу пати претходно.

Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно никој да очекува дека оваа Влада, додека јас сум премиер, одеднаш ќе каже дека она што досега го кажавме не е валидно, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени.

„Барем додека сум јас премиер. Ако дојде некој друг, нека се залага за поинаква политика“, одговори Мицкоски.

Според Мицкоски, додека е премиер, „такви предавства и капитулации нема да се случат“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести