Премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас по повод Извештајот на ЕК за Северна Македонија, истакна дека Европската Унија останува стратешка определба за земјата.
ЕУ ќе донесе значајни придобивки, професионален развој, работни места, отворен пазар, безбедност, нагласи Мицкоски, но нагласи дека ставот за уставните измени е ист, што значи дека процесот на проширување треба да се базира на достигнувања и работа, а не на билатерални спорови.
„Веруваме во Европа која ги почитува своите принципи, ќе продолжиме да работиме со истата посветеност“, нагласи Мицкоски.
Премиерот рече дека во Извештајот е оценето дека политиката на нашата земја е во согласност со политиките на ЕУ. Ова е потврда за нашиот стратешки пат како безбеден и сигурен партнер на ЕУ.
