Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес објави дека учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“ што се одржува во Тирана. Тој вели дека овој состанок е добра можност за продлабочување на дијалогот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.
Денес учествувам на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“, што се одржува во Тирана, Албанија.
Овој важен состанок претставува одлична можност за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.
„Нашата земја останува решително ориентирана кон европската интеграција и регионалната соработка, како главни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, пишува Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски беше примен од премиерот на Албанија, Еди Рама, пред Самитот на лидерите.
