Најновиот извештај е еден од најдобрите досега, изјави премиерот Христијан Мицкоски по најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото, во кој беа содржани забелешки во врска со независноста на судството.
Премиерот Мицкоски вели – нека има критики, но јас нема да престанам да коментирам за ситуацијата, без разлика колку извештаи сакаат, нека бидат објавени. Во делот од забелешките што се споменуваат во извештајот, дека треба да им се даде поголем буџет, Мицкоски вели – нема да добијат повеќе пари.
„Од мене зависи отворено да ги повикам судиите и обвинителите да донесат правда и ќе продолжам да коментирам во таа насока, без разлика колку извештаи сакаат да објават. Да, ќе продолжам сè додека не видиме напредок во спроведувањето правда. Ова е прво, второ, тие нема да добијат повеќе пари, нема да добијат пари, иако Законот за јавнообвинителска служба бара од Буџетот да се издвои износ од 0,5%. Тие нема да го добијат затоа што не го заслужиле“, рече Мицкоски.
