back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Други наслови

Премиерот, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Будимпешта, Унгарија, се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а одржа и говор на настанот организиран од „Матијас Корвинус Колегиум“ (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција.

На средбата со Орбан, како што информира Владата, беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Разговорите се одржаа во исклучително конструктивна и пријателска атмосфера, каде што акцентот беше ставен на унапредување на економската соработка, привлекување нови инвестиции, зголемување на трговската размена и спроведување конкретни проекти од заемен интерес.

Двајцата премиери разговараа и за инфраструктурното поврзување, енергетската стабилност и регионалната соработка, признавајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше нагласена и важноста на поддршката што мојата земја ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, подвлекувајќи дека процесот на интеграција мора да се базира на принципи и систем на заслуги.

Премиерот Мицкоски ја нагласи и вредносната димензија на односите меѓу двете држави, подвлекувајќи дека споделените вредности – семејството, традицијата и зачувувањето на националниот идентитет – се основа на стабилни и просперитетни општества. Воедно, беше нагласена и улогата на Унгарија во справувањето со мигрантската криза и важноста на соработката во обезбедувањето регионална безбедност.

Во рамките на посетата, премиерот Мицкоски одржа и говор на настанот организиран од „Колегиумот Матијас Корвинус“, каде што зборуваше за важноста на лидерството, визијата и храброста во време на сериозни европски и глобални предизвици. Тој нагласи дека силните држави се градат врз јасни политики, стабилни институции и педантна заштита на националните интереси.

Во својот говор беше нагласено дека Унгарија претставува пример за држава која, со јасна визија и силно лидерство, успева да обезбеди економски развој, стабилност и зачувување на идентитетот. Премиерот Мицкоски ја истакна улогата на премиерот Виктор Орбан како лидер кој има храброст да донесува одлуки во интерес на својата земја и кој придонесува за стабилноста на регионот и Европа.

Воедно, беше нагласено дека партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и се темели на доверба, споделени вредности и конкретна соработка. Двете земји, како што беше нагласено, градат стратешки сојуз ориентиран кон економски развој, политичка поддршка и заедничко соочување со предизвиците на модерното време.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести