back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Мицкоски: Нема уставни измени без гаранции за македонскиот идентитет и правата на Македонците во Бугарија

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра реторика кон опозицијата и јасна порака во врска со ставот на Владата за европските интеграции: без гаранции за македонскиот идентитет и правата на Македонците во Бугарија, нема напредок.

Во изјава за медиумите, Мицкоски го обвини СДСМ дека го сведува процесот на европска интеграција на „продажба на македонскиот идентитет“ и „удар врз националното ткиво“, оценувајќи дека таков пристап ја загрозува државната стратегија.

„Начинот на којшто СДСМ ги гледа евроинтеграциските процеси е исклучиво продажба на македонскиот идентитет и удар врз ткивата. Ова е мекото ткиво на македонскиот идентитет и ваквите политики ја загрозуваат стратегијата што ја градиме како влада“, изјави премиерот.

Тој рече дека следбениците на живковизмот денес слават во Бугарија, бидејќи, како што истакна, во Македонија сè уште има политичари кои водат такви политики.

Мицкоски нагласи дека без ВМРО-ДПМНЕ не можат да се донесат клучни одлуки за европскиот пат на земјата и рече дека владата нема да прифати никаков компромис без јасни гаранции.

„Секој во светот треба да знае дека оваа работа не може да се случи без ВМРО-ДПМНЕ. Нема да влегуваме во никаква авантура додека нема јасен крај и не се гарантираат човековите права за Македонската заедница кај нашиот источен сосед“, рече тој.

Премиерот нагласи дека Владата останува цврста на својата позиција и дека нема да се прават никакви отстапки.

„Нема да се помрднеме ниту милиметар. Ќе чекаме. Македонскиот идентитет повеќе нема да се продава“, нагласи Мицкоски. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести