back to top
10.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Мицкоски: Очекувам цената на бензинот да се намали, а дизелот да остане непроменет

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за мерките што ги презема владата во врска со зголемувањето на цените на горивата. Тој рече дека очекува Регулаторната комисија за енергетика денес да ја објави цената на бензинот, додека во врска со цената на дизелот, вели дека очекува и покрај отровот на Регулаторната комисија за енергетика, цената на одредени пумпи за гориво да остане непроменета.

„Со вчерашната владина одлука, практично ѝ овозможивме на Регулаторната комисија да ги намали акцизите за дизелот за 4 денари по литар, а за бензинот за 2 денари по литар. Исто така, во разговор со ОКТА, лично разговарав со раководството на ОКТА во Атина и со…односно со Хеленик Петролиум и ОКТА тука во Скопјe, и успеавме да обезбедиме дополнителен рок од еден месец за тие 3 денари по литар дизел и 2 денари за бензин.“

„Кога сето ова ќе се стави во функција, треба да имаме уште поевтина цена на бензинот од сегашната, а на одредени пумпи не треба да имаме никакво зголемување на цената на дизелот“, рече Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести