back to top
7.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Мицкоски ќе го претстави планот за почисти улици, возила и контејнери за отпад

Други наслови

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ќе присуствува на промоцијата на новата опрема за управување со отпад, наменета за јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот и Југозападниот регион. Настанот ќе се одржи на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“.

Станува збор за возила, контејнери и кантите за отпад, кои се дел од вложувањето на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и на меѓународните партнери, со цел унапредување на локалниот систем за управување со отпад.

Според најавите, новата опрема ќе го олесни работењето на јавните комунални претпријатија, ќе го подобри собирањето на отпадот и ќе ја зголеми хигиената во урбаните и руралните средини. Особено внимание се посветува на селекцијата на отпадот – жолтите садови ќе бидат наменети за сува фракција, а зелените за органска, односно „мокра“ фракција, со што ќе се поддржи рециклирањето.

Проектот е дел од подготовките за идната регионална депонија во Новаци и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар, што се очекува значително да ја намали појавата на диви депонии и неформално фрлање на отпадот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести