Лет на „Латам ерлајнс Перу“ за Пјура беше приземјен во понеделник откако беше пријавен пожар во близина на левиот мотор и крилото на авионот кратко пред полетувањето на меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез“ во Лима.
Инцидентот се случил додека летот LA2302 се подготвувал да полета на 19 октомври, пишуваат странските медиуми, според „Телеграф“.
Противпожарните екипи на аеродромот интервенирале и го изгаснале пламенот, додека патниците биле изнесени од авионот како мерка на претпазливост.
Авиокомпанијата го опиша инцидентот како „непредвиден технички настан“, а причината сè уште не е утврдена.
Видеата што кружат на интернет покажуваат чад како се издига од левото крило на авионот пред да се појави пламенот.
Еден патник изјавил дека пилотот најавил полетување и дека моторите биле стартувани кратко пред да започне пожарот.
Според извештаите, патникот исто така посочил дека капетанот подоцна им кажал на патниците дека полетувањето е откажано поради проблем со левиот трап за слетување.
„ЛАТАМ“ објави дека им пружа помош на засегнатите патници и организира алтернативни летови.
