back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се наши црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции

Други наслови

„Имаше континуиран дијалог, од моментот кога беше формирана оваа Влада до денес. Имаше период кога дијалогот беше поинтензивен или помалку интензивен, но немаше момент кога не сме разговарале за наоѓање соодветно и фер решение во рамките на ставовите што ги имаме“, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали има дијалог за надминување на проблемот со Бугарија што ја блокира европската интеграција на земјата.

На прашањето дали има некакви движења и сигнали од Софија дека може да се повлече од некои свои позиции, какви се нашите позиции и дали македонскиот страна е подготвена за одредени отстапки, Муцунски нагласи дека „црвените линии на нашата земја се поврзани со нашата историја, идентитет, јазик и култура“.

„Ова се нашите линии што ги презентираме во рамките на сите разговори што ги водиме. Едноставно не е во ред нашите преговори постојано да се заглавуваат на тема поврзана со нашиот идентитет, јазик, историја и култура. Ова се наши ставови што постојано ги презентиравме пред локалната јавност и пред сите наши меѓународни фактори. Очекуваме систем на гаранции од европските институции. Очекуваме почитување на реципроцитетот кога станува збор за човековите права и очекуваме решение што ќе има за цел да ги заштити нашите ставови во однос на идентитетот, јазикот, културата и историјата“, рече Муцунски.

Во однос на начинот на кој се развива дијалогот со ЕУ, тој нагласи дека во последните недели немало поконкретни разговори поради колективните годишни одмори како во земјите-членки на ЕУ, така и во европските институции.

„Но, верувам дека во наредниот период има најави за повеќе посети, еве го и министерот за надворешни работи на Чешка. Чешка е наш принципиелен поддржувач. Сигурен сум дека една од темите што ќе ги отвориме е ова прашање. Значи, да, нормално е тој дијалог да биде постојан, да тече и ние да го водиме тој дијалог низ призмата на позициите што сме ги презентирале“, додаде Муцунски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести