Памучните ролни се совршено тесто во кое ќе ужива целото семејство, особено децата. Лесни се за правење.
За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:
- Една чаша јогурт
- Една чаша топло млеко
- Две жолчки од јајца
- Две белки од јајца
- Три лажици шеќер
- Една мала лажичка сол
- Еден инстант квасец
- Еден прашок за пециво
- Три чаши брашно
- Две жолчки од јајца за премачкување на ролатите
- Сирење или друг прелив по ваш избор
Подготовка
Измешајте ги сите состојки и месете. Оставете го тестото да отстои најмалку еден час. Направете топчиња, потоа расукајте ги и наполнете ги со филот.
Оставете ги уште 10 – 15 минути за да нарасне тестото додека чекате рерната да се загрее. Печете на 180 степени Целзиусови 10 – 15 минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Уживајте!
