back to top
20.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Најмалку 10 смртни случаи кај деца поврзани со вакцините против коронавирусот ФОТО

Други наслови

Американската администрација за храна и лекови (FDA) во интерно писмо наведува дека најмалку десет деца веројатно починале како резултат на вакцинација против коронавирусот.

ФДА го наведе миокардитисот, или воспаление на срцето, како можна причина за смртта на децата. Во меморандумот, напишан од главниот медицински и научен директор на ФДА, Винај Прасад , не се наведени возраста или медицинските состојби на децата, ниту пак производителите на вакцините против Ковид-19 кои веројатно ја предизвикале нивната смрт.

Прасад го нарече откривањето на оваа информација „откритие што ќе има длабоко влијание“ и најави планови за заострување на надзорот врз вакцините.

Извештајот дека вакцините против Ковид-19 можеби предизвикале смртни случаи кај децата доаѓа во време кога американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот направи остра промена во политиката на владата за вакцините против Ковид-19, ограничувајќи ја вакцинацијата на лица над 65 години.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести