back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

На Пензискиот фонд му недостасуваат околу 1 милијарда евра годишно, вели Велковски

Други наслови

Државниот пензиски фонд има дефицит од околу една милијарда евра годишно за исплата на пензии, а разликата се покрива од државниот буџет, потврди министерот за социјална политика Ѓоко Велковски во интервју за „360 Града“ на МРТ 1.

Годишните трошоци за пензиите се околу 2,4 милијарди евра, додека приближно 1,4 милијарди евра се обезбедуваат преку придонеси од вработените. Велковски нагласи дека државата во моментов издвојува околу 60 милијарди денари годишно за покривање на недостигот во Пензискиот фонд.

Во 2023 година, буџетската поддршка за пензискиот фонд достигна околу 510 милиони евра, што значи дека за три години потребните средства од Буџетот речиси се дуплирале. Дел од зголемените расходи произлегуваат и од линеарното зголемување на пензиите за вкупно 7.000 денари.

Велковски оцени дека интервенцијата била неопходна поради ниските приходи на дел од пензионерите, а како дополнителни причини за дефицитот ги истакна иселувањето на работоспособното население, флуктуацијата на работниците и големиот број вработени регистрирани на минимална плата.

„Државата е гарант и пензиите ќе бидат исплатени на време“, рече министерот, најавувајќи реформи за зајакнување на системот, но без финансиска прогноза или конкретен временски рок за намалување на зависноста на Фондот од државниот буџет.

Владата, исто така, разгледува измени во вториот столб на пензиите, вклучително и можноста граѓаните да изберат дали да останат исклучиво во државниот фонд или да уплаќаат во приватни фондови. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести