Премиерот Бенјамин Нетанјаху на конференцијата што ја организираше изјави дека издал директиви до израелската армија (ИДФ) да преземе контрола врз 70 проценти од Појасот Газа.
„Во овој момент, ние целосно контролираме 60 проценти од територијата на Појасот Газа… а мојата директива е да стигнеме до… 70 проценти“, рече Нетанјаху во снимка од настанот емитувана од Канал 12.
Кога еден од гледачите извикува дека Израел треба да окупира „100 проценти“ од територијата во Газа, Нетанјаху одговара дека треба да одат по ред, но не негира дека тоа би можело да биде крајната цел.
„Ќе почнеме со 70 проценти“, рече Нетанјаху.
Нетанјаху минатата недела призна дека Израел веќе држи 60 проценти од територијата во Појасот, што е значително повеќе отколку што треба да контролира.
Мапите објавени од Израел во март покажаа нова ограничена зона надвор од 53-те проценти од Газа што Израел ја контролираше по прекинот на огнот постигнат со посредство на САД во октомври.
Демаркираната област, обележана на мапите со портокалова линија, сочинува околу 11 проценти од територијата на Газа зад „Жолтата линија“, која го означува делот од Газа окупиран од израелските трупи по прекинот на огнот.
Овие области заедно опфаќаат речиси две третини од територијата на Газа.
