Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека какви било преговори со САД не се знак на предавање или повлекување, туку решителен напор за заштита на правата на земјата и цврсто одбрана на националните интереси.
Пезешкијан на платформата X изјави дека Иран никогаш нема да се откаже од своите легитимни права, пренесува Press.tv.
– Никогаш нема да се поклониме пред непријателот. Ако зборуваме за дијалог или преговори, тоа не значи предавање или повлекување, туку цел за обезбедување на правата на иранскиот народ и силна одбрана на националните интереси , нагласи тој.
Неговата изјава дојде кратко откако иранските државни медиуми објавија дека Иран официјално доставил одговор на најновиот предлог на САД за прекин на конфликтот што започна на 28 февруари со воздушни напади во кои беше убиен Врховниот водач на Исламската револуција, ајатолахот Али Хамнеи.
ИРНА наведува дека во одговорот на Иран јасно се наведува дека сите преговори со САД во оваа фаза би биле само за завршување на војната, додека другите прашања, вклучително и нуклеарната програма на Иран, ќе бидат дискутирани подоцна.
Безбедноста на пловидбата во
Персискиот Залив е исто така дел од одговорот на Иран, кој денес му беше доставен
на Пакистан , посредникот во преговорите.
