back to top
9.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Николовски во Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ!

Други наслови

Во Брисел, под организација на влијателниот тинк-тенк Friends of Europe, се одржа регионалниот настан посветен на проширувањето на Европската Унија и евроинтеграциите на Западен Балкан.

Што е тинк-тенк организацијата Friends of Europe?

Friends of Europe е водечки европски тинк-тенк (истражувачки и политички институт) со седиште во Брисел. Нивната главна цел е да влијаат на европските политики и да ги соберат на иста маса: политичари и влади, европски институции, приватен сектор (бизнис), академска заедница, невладин сектор, млади и граѓански организации..

Зошто се важни за Западен Балкан? Тие со години се вклучени во темите како: проширувањето на ЕУ, економска интеграција на Балканот, безбедност, стабилност и реформи, развој на демократијата и владеење на правото. Самитот што се одржува денес во Брисел е токму нивниот годишен „flagship еvent“, каде: „го следат темпото на проширување и ја туркаат агендата што ЕУ и Балканот мора да ја решат заедно“.

Македонија на овој значаен форум ја претставува Александар Николоски, заменик-премиер и министер за транспорт и врски, кој учествуваше во панел-дискусии и билатерални средби со високи претставници на ЕУ и регионот.

Настанот, кој традиционално ги собира најзначајните политички чинители, аналитичари и претставници на европските институции, претставува можност за интензивни разговори околу идните чекори на ЕУ во однос на регионот.

На својот профил на фејсбук министерот Николовски објави неколку фотографии од задничките, но и поединечни средби кои ги остварил, меѓу кои и со еден од најискусните американски дипломати, господинот Кристофер Хил.

Кристофер Р. Хил е еден од најискусните американски дипломати и една од највлијателните фигури на американската надворешна политика на Балканот во последните три децении. Со својата богата дипломатска кариера, Хил остави значаен печат и врз Македонија. Тој служеше како амбасадор во Македонија (1996-1999) во период кога регионот се соочуваше со сериозни безбедносни предизвици, особено во контекст на кризата во Косово. Во тоа време САД одиграа клучна улога во поддржувањето на стабилноста и меѓуетничката безбедност на Македонија.

Говорници на настанот беа: Еди Рама – премиер на Албанија, Ана Брнабиќ – претседател на Народното собрание на Србија и поранешен премиер, Кристина Герасимов – вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и главен преговарач со ЕУ, Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски на РС Македонија, Штефан Филе – поранешен еврокомесар за соседство и проширување.

Вицепремиерот Николоски оствари низа плодни средби во насока на забрзување на европскиот пат на Македонија, зајакнување на политичкиот дијалог и отворање нови можности за секторска соработка.

Особен акцент беше ставен на значењето на реформите, стабилноста и потребата европските институции да го задржат фокусот кон интеграцијата на Западен Балкан.

„Земјата се трансформира однатре, со наши внатрешни ресурси, но и со соработка со ЕУ, САД и Обединетото Кралство. Партнерите се таму каде што припаѓаме, во западната цивилизација“, истакна Николоски во своето обраќање.

Настанот уште еднаш ја потврди улогата на Македонија како конструктивен и предвидлив партнер на Европската Унија.

Погледнете го целото обраќање на министерот Николовски: Проширувањето е важно: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести