Ник Рајнер, кој е обвинет за убиство на своите родители, моментално е во притвор, но е под мониторинг поради можноста да изврши самоубиство.Како што објасни полициски извор за „Пипл“, Рајнер останува под надзор бидејќи постои голема веројатност дека може да изврши самоубиство. Тој е во самица, каде што е должен да носи сина престилка.
Исто така, како што претходно објави TMZ, на Рајнер му била дијагностицирана шизофренија пред убиството на неговите родители, Роб и Мишел Рајнер. Во неделите пред убиството, тој се однесувал непредвидливо и опасно. Ник претходно бил под грижа на психијатар поради ментални болести, но во месецот пред убиството на неговите родители, неговото однесување станало „алармантно“.
Дозволено му е да комуницира само со својот адвокат, како и со затворскиот персонал. Дозволено му е да ја напушти затворската ќелија само за појавување на суд или од медицински причини.
„Ова е важно за никој да не го загрози овој случај и за да не може ниту еден затвореник да му поставува прашања како на пример зошто ги убил своите родители“, изјавил извор за „Пипл“.
Рајнер ќе остане сам во својата ќелија цело време, а неговите денови се строго контролирани, додека контактот со надворешниот свет е непостоечки. Лекарите и стручњаците за ментално здравје утврдиле дека тој има „ментална попреченост“.
„Кога пристигна во затворот, лекарите го прегледаа и утврдија дека е во опасност. Ќе остане под надзор поради можноста за самоубиство, што може да потрае долго време, во зависност од неговото ментално здравје“, изјави тој.
Изворот додава дека Ник е проверуван на секои 15 минути за да се осигури неговата безбедност, иако не се обидел да си наштети.
За потсетување, Ник е обвинет за убиство на своите родители, со обвиненија за повеќекратни убиства под посебни околности, а доколку биде осуден, може да се соочи со доживотен затвор. Тој не се изјасни за виновен на краткото рочиште одржано во среда.
